Тренерот на Интер, Лучано Спалети ги загуби нервите по прашањата на новинарите по 1:1 ремито со Фиорентина, продолжувајќи ја лошата низа на три ремија и два порази во Серија А, покрај испаѓањето во Копа Италија од Милан.
„Лесно ја ’продававме’ топката и си направивме проблеми. Ни недостасуваше дух, сила во дуелите“, изјави Спалети.
Откако го помести Давиде Сантон на бековската позиција по повредата на Ранокија, тој одговори исфрустрирано на прашањето дали му недостасува некој во тимот.
„Не можам да го трпам ова повеќе. Зошто не отидете во соблекувалната да им кажете дека не се доволно добри? Сите знаат дека ни недостасува централен бек. Дури и мојата 80-годишна баба го знае тоа. Не знам која е потребата да ме прашувате истото постојано. 750 пати ви одговорив исто“, испука Спалети.