Откако пропушти речиси четири месеци поради скршеница на ногата, Андре Гомеш може да се врати во првиот тим на Евертон против Арсенал во недела, открива Карло Анчелоти.
Португалецот доби сериозна повреда на скочниот зглоб при 1:1 ремито со Тотенхем во ноември, по еден на прв поглед безопасен старт на Сон Хеунг-Мин, но поранешниот фудбалер на Барселона се врати на тренинзи во јануари, и откако оваа недела комплетирал тренинг-меч од 60 минути, Анчелоти вели дека е подготвен.
„Андре е достапен. Тој тренираше добро, вистински, со самодоверба и без проблеми. Моето мислење е дека тој е целосно подготвен. Пред мечот ќе зборуваме и заедно ќе одлучиме дали ќе биде стартер. Сега не очекуваат важни натпревари, прво со Арсенал, па со Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул. Потоа ќе зборуваме за Европа и за други работи“, вели Анчелоти, кој откако дојде на клупата на Евертон, „карамелите“ имаат само еден пораз.