Top Sport

УФЦ го најави „најголемиот меч во историјата“ – Миочиќ-Нгану (видео)

На две недели пред УФЦ220 во Бостон, УФЦ официјално го најави „најголемиот меч во историјата“, пресметката во тешка категорија меѓу Американецот Стипе Миочиќ и Камерунецот Френсис Нгану.

Миочиќ таму ќе ја брани својата УФЦ титула во тешка категорија и Американецот со хрватско потекло вели дека е подготвен.

„Дали се плашам? Ова е мојата работа, зошто би ме плашел тој? Постои причина зошто сум шампион. Јас од октагонот си заминувам со трофејот“, вели Миочиќ.

Нгану, кој брутално го нокаутираше Алистер Оверим за да се постави како прв конкурент за титулата, вели дека Миочиќ не е „професионален“ борец (бидејќи покрај спортот работи и како пожарникар), а дискусијата се пресели и на социјалните мрежи.

Scroll to Top