Top Sport

Покер голови на Имобиле, Бонучи го спаси Милан, нова победа за Беневенто (Видео)

Чиро Имобиле барем до овој момент го обележа 20.коло во Серија А. Напаѓачот на Лацио постигна четири гола во победата на својот кај СПАЛ. Во попладневните саботни натпревари покрај Лацио победи забележаа Милан, Наполи, Беневенто и Џенова.

СПАЛ и Лацио одиграа атомски фудбал во првиот дел во кој беа постигнати шест гола. Дуелот мина во знакот на Имобиле кој постигна четири од петте гола на својот тим.

Во моментов најдобриот стрелец во лигата постигна голови во 19, 26, 41, 51.минута. Еден гол за Лацио постигна Луис Алберто, додека двата гола за СПАЛ во поразот 2:5 беа дело на капитенот Антенучи.

Милан не блескаше против Кротоне, но најважно за Рино Гатузо е што неговиот тим ги освои бодовите. Големото летно засилување Лео Бонучи го постигна единствениот гол во 54.минута.

Еден гол го реши победникот и на натпреварот помеѓу Џенова и Сасуоло. Русинот Галабинов беше стрелец во 80.минута. Горан Пандев повотрно беше во стартната постава, а во второто полувреме своето место му го препушти на стрелецот Галабинов.

Лидерот Наполи речиси 70 минути се мачеше со Верона, а на крајор забележа победа 2:0. Дефанзивеџот Кулибали и Каљехон беа стрелци за наполитанците.

„Фенерџијата“ Беневенто го забележа втриот триумф во шампионатот откако со головите на Чада (60, 82) и Брињола (91) славеше над Сампдорија 3:1. Карапари на истекот на првиот дел го постигна единствениот гол за гостите.

Scroll to Top