Кевин де Брујне, оваа сезона еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, оценува дека неговиот клуб ќе биде „лузер“ доколку не успее да го помине Реал Мадрид во Лигата на шампионите и да го освои трофејот од елитното натпреварување.
Сити само еднаш играа во полуфинале на ЛШ, откако во 2015/16 загубија токму од Реал Мадрид. За Белгиецот сеќавањето е свежо.
„Ако не победиме, сите ќе кажат дека сме лузери, како во последните пет години. Лигата на шампионите ни недостасува во колекцијата на трофеи. Секогаш сакаме да ги освоиме сите трофеи, но понекогаш има некој тим кој е подобар од нас, како Ливерпул оваа сезона. Тоа мора да се признае. Но, одиме во Мадрид по победа. Дали е тешко? Тоа е Мадрид, тие имаат најмногу трофеи од Лигата на шампионите.Ќе одиме да играме напаѓачки притисок, да им дадеме голови“, вели Де Брујне во интервју за „Телеграф“.