По поразот од Баерн (0:3), во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионте, за Челси стигна уште една потенцијално лоша вест.
Бразилецот Вилијан, еден од оние со најдолг стаж во тимот, на новинарите им открил дека не може да најде „заеднички јазик“ со челниците околу новиот договор.
„Сѐ што сакав е една година плус. За жал тоа од Челси нема да го добијам“, рекол Вилијан.
„Челси ми понудија две годишен договор, јас барав уште една година плус. Тие нема да ја сменат својата понуда. Ситуацијата е тешка. Не знам дали ќе потпишам нов договор“.
Вилијан Боргес да Силва во Челси е од 2013 година, за „сините“ одиграл 326 натпревари на кои постигнал 57 гола.