Манчестер сити до Судот за спортска арбитража (ЦАС) поднеле жалба на казната што им ја одреди УЕФА. Сити две години се суспендирани од учество во европските купови и парично се казнети со 30 милиони евра. ЦАС, во средата, потврдија дека ја добиле жалбата, со напомена дека не можат да наведат кога целата работа би можела да биде решена.
УЕФА на 14 февруари го известија клубот за суспензијата и паричната казна поради „сериозните кршења“ на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј.
Во соопштението УЕФА го известиле клубот дека ги „прецениле приходите од спонзорите на клупската сметка и во информациите што ги доставувале во УЕФА во периодот од 2012 до 2016 година.
Од Манчестер сити веднаш објавија дека не се согласуваат со оваа одлука на УЕФА и дека ќе се жалат пред Судот во Лозана. Сити тврдат дека целата постапка е изведена с малку докази.
Во својот прв одговор на забраната, извршниот директор на Сити Феран Соријано, наводите на УЕФА ги опишал како „лажни“, додавајќи дека клубот ќе стори сѐ за да ја докаже грешката на европската куќа на фудбалот.