Премиер лигата најави отворање на Куќа на славните во која ќе бидат примени фудбалери што покажале исклучителни вештини и талент од основањето на натпреварувањето во 1992 година.
Во официјалното соопштение се наведува дека членство во Куќата на славните на Премиер лигата ќе биде најголема поединечна чест која ќе им биде укажана на фудбалерите.
На 19 март ќе бидат објавени имињата на првите двајца фудбалери што ќе ја имаат привилегијата да бидат примени во Куќата на славните.
Во исто време ќе биде објавена и листата на номинирани, а во гласањето ќе можат да учествуваат и навивачите.
„Од 1992 година, во Премиер лигата играа фудбалери од светска класа“, рекол извршниот директор Ричард Мастерс.
„Место во Куќата на славните ќе имаат најдобрите. Тоа ќе биде можност нашите навивачи ширум светот да се вратат во минатото. Тоа ќе ни помогне да прославиме некои навистина исклучителни фудбалски кариери“.
Во Куќата на славните ќе бидат примени само пензионирани фудбалери.
Coming soon…. #PLHallOfFame
— Premier League (@premierleague) February 27, 2020