Формула 1, поради коронавирусот, би можела да ги откаже првите три трки во новата сезона, пишува „Гардијан“. Инаку, Формула 1, веќе ја откажа трката за Големата награда на Кина.
Новата сезона во Формула 1 треба да започне на 15 март со Големата награда на Австралија.
„Ова е нешто што е многу поголемо од нас и од Ф1. Ќе не водат проценките на лекарите и владата на Австралија. Тие ќе го проценат ризикот, во координација со нив ќе донесеме одлука“, рекол Ендрју Весткот, извршниот директор на австралиското гран-при.
Without a doubt this is the biggest hurdle Liberty has faced since taking the wheel of $FWONK To think that they are still telling the world that #F1 is going to Vietnam ?https://t.co/PzE16BLdWJ
— Formula Money (@FormulaMoney) February 26, 2020
По 15 март и трката во Мелбурн, на програмата се трките во Бахреин на 22 март и Вијетнам на 5 април. Патеката во Ханој на која треба да се вози Големата награда на Вијетнам се наоѓа на само 100 километри од кинеската граница.