Италијанските медиуми во четвртокот објавија дека 22 годишен фудбалер на Паинесе бил заразен со коронавирусот.
Здравствените власти не го соопштуваат името на фудбалерот, а медиумите претпоставуваат дека се работи за Нигериецот Пол Акпан Удох. Тој бил единствениот во тимот што имал 22 години и што не настапил минатиот викенд.
Натпреварот го пропуштил поради зголемената температура, а дополнтелните тестови покажале дека заболел од коронавирусот.
Фудбалерот веднаш бил хоспитализиран, добро се чувствувал е во клубот очекувале тој успешно да биде излечен.