Првиот човек на Мерцедес Тото Волф негирал дека некогаш разговарал со Луис Хамилтон околу тоа колкава би требало да му биде платата во наредниот договор со германскиот тим.
„Марка“ и „Кориере дело Спорт“ пишуваа дека Хамилтон од Мерцедес побарал нов четири годишен договор, со годишна плата од 55 милиони евра.
Шесткратниот светски првак според овие медиуми со актуелниот договор годишно заработувал 42 милиони евра. Исто така тие тврдат дека тој побарал договор на четири, а не на две години што е праксата на Мерцедес.
„Пред некој ден на Луис му испратив порака бидејќи ги читам сите коментари во печатот околу нашите преговори. Измислица е дека некогаш воопшто сме разговарале околу платата. Му кажав дека еден ќе седнеме и ќе разговараме. Треба да најдеме време и да поминеме во разговор неколку часа заедно. Знам што се му носи Луис на овој тим и како возач и како бренд. Тоа секогаш мора да се почитува“, рекол Волф.
Во зимскиот период многу беше актуелна приказната дека Хамилтон имал голема желба во иднина да вози за Ферари.