Top Sport

Серии без пораз: Ливерпул застана на 44, Милан имаше 58, а Стеауа дури 104

Заврши серијата од 44 меча без пораз на европскиот шампион, Ливерпул. Вотфорд им пресуди попладнево.

Сега најдолгата серија со непобедливост ја држи новиот лидер во Серија А, Лацио кој 21 меч во низа нема пораз. По него следуваат Баерн Минхен и Верона со по 9 меча без пораз.

Кога станува збор за една од петте најсилни фудбалски шампионати на Стариот континент (Италија, Шпанија, Англија, Германија и Франција) и понатаму е ненадминат рекордот на Милан предводен од Фабио Капело.

„Росонерите“ од 26 мај 1991 година (0-0 против Парма) до 21 март 1993 (пораз 1-0 баш од Парма) врзаа 58 меча без пораз во Серија А. Ист учинок имаат грчки Олимпијакос и латвијски Сконто Рига.

Сепак, ако се погледната сите европски лиги, тогаш апсолутен рекордер е романска Стеауа која од 1986 до 1989 врза 104 меча без пораз.

Реал Мадрид го држи рекордот без пораз на домашен терен, и тоа на 121 меч, од 1957 до 1965 година. Втора во овој ранг е белградска Црвена Звезда со 96 меча без пораз на „Маракана“, од 1998 до 2004 година.

Scroll to Top