Тоа дека Шалке е во криза и не знае за победа во последните 6 меча е факт, но денешниот тежок пораз на тимот кај Келн (3-0) го одбележа голманот, Александер Нибел. Тој си даде комичен автогол.
Лесна топка која одеше во неговите раце, на чуден начин помина низ неговите нозе, па право кон голот зад гол линијата.
Се обиде Нибел да ја стигне, но безуспешно, а ВАР го потврди погодокот.
Погледнете го голот кој оди на душа на идниот голман на Баерн Минхен: