Top Sport

Зидан: Не ми се потребни нови играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, инсистира во своите намери дека нема да донесе ниту еден нов фудбалер во јануарскиот преоден рок и во целост ја прифаќа одговорноста за лошите резултати на „кралскиот клуб“.

Реал, синоќа на „Балаидос“ одигра 2:2 со Селта и по 18.кола во Ла Лига има 16 бода помалку од водечката Барселона.

Слабите резултати поттикнаа новинарски шпекулации дека Реал е заинтересиран за неколку играчи голманот Тибо Куртоа, односно ѕвездите на Челси и Тотенхем Еден Азар и Хари Кејн.

„Не, во овој момент не сакам нов играч во тимот. Ќе видиме што ќе се случи до 31.јануари, но зошто би ми требал нов играч во овој момент? Среќен сум со тимот со кој располагам“, рекол Зидан.

Реал во Виго петти пат сезонава одигра нерешено, покрај тоа има и девет победи и три порази.

„Морам да го дефинирам проблемот бидејќи јас сум одговорен. Ќе се обидам, но мора да се обидат и сите останати. Во последно време не играме онака како што можеме. Можеби ни недостига самодоверба за сите 90 минути“, рекол Зидан.

Scroll to Top