Барселона синоќа им го препушти првото место во Ла Лига на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ победи во дербито со 2:0 и се врати на врвот со поен повеќе од Барселона.
Барселона во второто полувреме ја скршија Винисиус Жуниор и Маријано Дијаз. Реал доминираше во вториот дел, откако во првото полувреме играчите на Барселона не реализираа неколку доби шанси.
Поразот од големиот ривал тешко им падна на фудбалерите на Барселона, а Џерард Пике со својата изјава по мечот се обиде да ги испровоцира противниците.
„Ова е најлошиот Реал против кого сум играл на овој стадион. Ние ги пропуштивме шансите да го заклучиме мечот во првото полувреме. Сами сме си виновни за поразот бидејќи во второто полувреме застанавме“, рекол Пике.
Синоќешната победа е прва за Реал по серијата од четири победи што Барселона ги имаше на „Сантијаго Бернабеу“.