Top Sport

Вардар во осмина-финалето против Пик Сегед

Викендов заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампионите. Актуелните шампиони Вардар го освоија шестото место во Б-групата и во осмина-финалето ќе играат против Пик Сегед. Дерби на оваа фаза е пресметката помеѓу Фленсбург и Монпелје.

Осмина-финални двојки:

Динамо Букурешт-Пари Сен жерман
Висла-Веспрем
Вардар-Пик Сегед
Цеље-Кјлеце
Порто-Алборг
Фленсбург-Монпелје

Првите натпревари на програмата се од 18 до 22 март, а реваншите од 25 до 29 март. Четврт-финалните пресметки се на распоредот на 25 и 26 април, а реваншите на 2 и 3 мај.

Завршниот турнир ќе се игра во Келн на 30 и 31 мај.

Scroll to Top