Организаторите на Големата награда на Тајланд во мотоциклизам соопштија дека е одложен викендот што требаше да се одржи од 20 до 22 март.
„Не можам да кажам дека трката ќе биде откажана, ќе биде одложена додека не пронајдеме нов термин за таа да се одржи“, рекол првиот човек во организацијата на ГН на Тајланд, Анутин Чарнвиракул.
„Причината е коронавирусот и двата смртни случаи во нашата земја“, дополнил Анутин, кој исто така е заменик премиер и министер за здравство на Тајланд.
Бидејќи претходно беше одложена трката во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот, премиерата во новата сезона најсилната класа ќе ја има во Остин, Тексас на 5 април.