Top Sport

Фановите на Ливерпул му се налутија на Суарез

Фановите на Ливерпул не реагираа најдобро по изјавите на Филип Кутињо дека неговиот поранешен колега од „Црвените“, Луис Суарез постојано го убедувал да премине во Барселона.

25-годишниот Бразилец беше откриен како играч на Барселона во понеделникот по петгодишниот договор со каталонскиот тим и беше пречекан од илјадници фанови на Барселона, по што зборуваше за „остварувањето на сонот“.

Кутињо изјави дека Суарез, со кого играше на „Енфилд“ од 2012 до 2014 година, постојано му пишувал пораки во кои го фалел градот и клубот. Уругваецот дури му обезбедил куќа на Кутињо во Кастелдефелс, градче во близината на Барселона, каде што ќе бидат соседи со Лионел Меси.

„Луис ми кажа дека видел куќа блиску до неговата која станала достапна. Не знаеше дали сигурно доаѓам, но му се допадна идејата. Тоа е добар гест. Куќата е прекрасна. Постојано бевме во контакт и знам дека тој ќе направи сè да се чувствувам добредојден. За малку ќе ја освоевме титулата од Премиер лигата заедно во 2014, така што останавме пријатели. Неговите пораки само повеќе ја зголемуваа мојата желба за трансфер“, вели Кутињо.

Scroll to Top