Top Sport

Тренерот се стави во игра, доби црвен картон, па се извинуваше (видео)

Менаџерот на ирскиот клуб Варенпоинт таун, Метју Типтон призна дека тој е најголемиот виновник што неговиот клуб испадна од Ирскиот куп во дуелот со Клифтонвил овој викенд, извинувајќи се на навивачите.

Поранешниот велшки репрезентативец под 21 година, Типтон се постави самиот во игра во мечот од петтото коло во финишот на мечот при резултат 2:2. 37-годишниот напаѓач потоа доби два жолти картони во три минути, оставајќи го Варенпоинт со играч помалку во продолжението од половина час, во кои тимот загуби со 4:3.

Scroll to Top