Швајцарецот Петер Заубер веќе нема акции, ниту било какво учество во тимот кој го носи неговото име, но тоа не значи дека резултатите на тимот не влијаат на него. 74-годишниот Заубер вели дека падот на перформансите последните години му паднал многу тешко.
„Секако дека ме болеше. Треба да бидеме барем во средината во Ф1 како што сме биле секогаш и мислам дека тоа е реална опција. Морав да заминам од спортот, но горд сум што успеав 25 години да имам швајцарски тим во Формула 1. Денеска, Заубер е четвртиот најстар тим во Формула 1, по Ферари, Вилијамс и Мекларен“, вели Заубер.
Заубер смета дека партнерството на тимот со Ферари, односно со Алфа Ромео е одлично за тимот, и верува дека неговото име ќе остане во Ф1, и покрај шпекулациите дека легендарната италијанска компанија ќе го „збрише“ името Заубер.
„Не верувам во тоа. Можеби тоа се случува во Италија, што е океј, бидејќи Алфа Ромео е име кое носи посебна страст. Но, мислам дека Заубер ќе остане Заубер. Имавме среќа што Серџо Маркионе и Ферари се заинтересираа за Заубер, бидејќи Маркионе е човек кој има голема репутација“, додава Заубер, кој го формираше својот тим во 1993 година.