Top Sport

Клаудио Браво ќе си оди од Манчестер сити

Клаудио Браво ги брои последните месеци како играч на Манчестер сити. Чилеанецот по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Итихад“, објави ЕСПН.

Браво четири години е во Сити, а во последните три сезони му е резерва на Едерсон. Од Пеп Гвардиола добива шанса само во ФА и Лига купот. Во Премиер лигата брани ретко, само кога Едерсон е повреден.

ЕПСН тврдат дека Браво кариерата ќе ја продолжи преку Атлантикот, во филијалата на Сити, Њујорк сити.

Во кариерата голманот кој со Чиле има две титули на Копа Америка, настапувал за Барселона, Реал Сосиедад и Коло Коло.

Scroll to Top