Top Sport

МЗТ му врачи отказ на Хиндс

Американецот Џабари Хиндс повеќе не е играч на МЗТ Скопје Аеродром. Хиндс неспортски се однесувал и ги омаловажувал клубот и македонската кошарка во целост.

Плејмејкерот добро ја почна сезоната, но потоа од натпревар во натпревар играше сѐ полошо, за во последниот период да почне да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец.

„Трпението кулминира со неговото отворено потценување на домашното првенство и гласното негодување секогаш кога требаше да настапи на мечевите од Првата лига. Згора на тоа, Хиндс на последните пет средби на домашна сцена постигна вкупно 20 поени или четири поени во просек, што е само доказ за неговото незалагање на овие натпревари. Поради сето ова, заедно со повеќекратното излегување во ноќен провод на ден пред средбите, управата на клубот во договор со стручниот штаб реши да ја прекине соработката со американскиот интернационалец“, објави клубот на својата интернет страница.

МЗТ во наредниот период ќе донесат на играч на позицијата на која настапуваше Хиндс.

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top