Top Sport

„Нејмар ќе биде приоритетот на Барселона“

Водечките медиуми во Каталонија денес ја лансираа информацијата дека Најмар би можел да се врати во Барселона во летниот преоден рок. Бразилецот ги доби насловните страници на „Мундо Депортиво“ и „Спорт“.

„Спорт“ тврди дека трансферот на Нејмар ќе биде приоритет за Барселона во летниот преоден рок, додека „Мундо Депортиво“ наведува дека Бразиелцот веќе побарал од челниците на ПСЖ да му дозволат трансфер по завршувањето на сезоната.

За потсетување, Нејмар во летниот преоден рок во 2017 година за сума од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.

Поради честите повреди за три сезони во ПСЖ тој има одиграно само 78 натпревари, на ко постигнал 67 гола. Во Барселона од 2013 до 2017 година постигнал 105 гола на 186 натпревари.

Scroll to Top