Во дербито на 15. коло на регионалната АБА-лига, Будуќност во „Морача“ го совлада тимот на Црвена звезда со 92:86 со фантастични 16 тројки.
Никола Ивановиќ имаше 18 поени, Кајл Гибсон 17, а 15 Лендри за црногорскиот тим да се врати на првото место во регионалната лига, додека во Звезда, Тејлор Рочести беше најефикасен со 19 поени, а македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше 14 поени, шест скока и две асистенции во одлична партија за него.
Гостите од Белград имаа одличен старт и водеа со 27:22 по првата четвртина, но Будуќност направи двоцифрена предност во втората четвртина и поведе со 47:42. Домашниот тим потоа играше „егал“ со гостите, пред Будуќност да дојде во водство и да ја забележи 13-тата победа во АБА лигата. Будуќност има 28 поени, пред Цедевита и Звезда со по 27 поени.