Top Sport

Хрватите се срамат од „Спаладиум арената“

Пред стартот на Европското првенство во ракомет во Хрватска во петок со мега-дуелот меѓу домаќините и Србија во Сплит, хрватскиот весник „Вечерњи лист“ се жали на лошата инфрастуктура околу „Спаладиум арената“.

Според весникот, првиот поглед на втората најголема хрватска арена изгледа очајно. Внатре сè е подготвено за големиот меч, и од загрепскиот весник признаваат дека одвнатре изгледа многу подобро дури од арената во Загреб и дефинитивно е „поспортска“  – со пострмни трибини кои се поблиску до теренот. Комбинирано со страсната сплитска публика, вулканот е подготвен.

Проблемот е кога ќе се дојде однадвор. Од ѕидовите излегува арматура, меѓу самата арена и импровизираниот паркинг има недовршено градилиште кое требало да стане трговски центар.

Scroll to Top