Брајтон Хоув енд Албион се пласираше во четвртото коло на ФА купот откако Глен Мареј постигна гол против својот поранешен тим за 2:1 победа над Кристал Палас во првиот меч во Англија на кој се користеше ВАР-системот, кој „не забележа“ игра со рака при победничкиот гол.
Дејл Стивенс донесе водство за Брајтон по 25 минути игра, по што Бакари Сако израмни на 1:1 во 69. минута со одличен гол.
На само три минути пред крајот, Мареј постигна гол со кој донесе победа, но и многу дебати со користењето на ВАР системот. Фановите на Кристал Палас бараа користење на видео-системот, откако топката го удри Мареј во раката при влегувањето во голот. Судијата Андре Маринер ја продолжи играта за Брајтон да го добие Мидлзборо во четвртото коло.
Ривалството меѓу Брајтон и Кристал Палас е едно од најлутите и најнеочекуваните во англискиот фудбал и на претходниот нивни дуел во ноември имаше многу искри откако навивачите на Кристал Палас не успеаја да влезат на стадионот. Овојпат имаше полупразни трибини.