Голманот на Норич Тим Крул е еден од јунаците во победата над Тотенхем, во осмина-финалето во ФА купот. Холанѓанецот успеа да одбрани два пенали во серијата со Тотенхем.
Крул бил добро подготвен за пенал серијата. На шишето со вода ги имал испишано имињата на фудбалерите на Тотенхем и страните каде најчесто ги изведуваат пеналите.
Ваквата подготовка му помогна на Крул да ги одбрани ударите на Трој Перота и Жедсон Фернандеш.
https://twitter.com/DeanCoombes/status/1235332853518524425