Фудбалерот на Арсенал Лукас Тореира имал фрактура на скочниот зглоб на десната нога и барем засега не е познато колку ќе трае неговиот процес на рехабилитација.
Тореира се повредил во понеделникот, на натпреварот во ФА купот против Портсмут, по стартот на Џејмс Болотон.
Арсенал преку соопштение информираа дека по дополнителните лекарски прегледи ќе биде утврдена програмата според која Уругваецот ќе ја спроведе рехабилитацијата.
Од таборот на Арсенсал и информацијата дека на тренинзите се вратил левиот бек Киран Тирни, кој последен пат настапил во декември.