Фудбалскиот сојуз на Грција му изрече драконска казна на солунски ПАОК поради малверзации.
„Црно-белите“ останаа без 7 бода, а покрај ПАОК, казнет со -12 бода е и клубот на Ксанти.
Ривалот на Олимпијакос за шампионската титула во Грција е казнет затоа што нивниот сопственик, Иван Савидис преку фирма-ќерка било откриено дека бил мнозински сопственик и на прволигашот Ксанти.
По ова, речиси сигурно Олимпијакос повторно ќе дојде до шампионската титула оти клубот од Пиреја има 14 бода повеќе од ПАОК.
Бројните навивачки инциденти, нападите на судиите, дури и употребата на огнено оружје се редовна појава во грчкиот фудбал.