Тренерот на Баер Леверкузен, Хајко Херлих доби висока казна од 12.000 евра за неверојатниот обид за симулирање во мечот од ДФБ купот против Борусија Менхенгладбах во декември.
Херлих спектакуларно падна кога играчот од средниот ред на Менхенгладбах, Денис Закарија дојде во неговиот простор да ја земе топката.
Веднаш по натпреварот (кој Леверкузен го доби со 1:0), Херлих се извини за „глупавото“ однесување, меѓутоа Германската фудбалска федерација (ДФБ) сметаше дека тоа не е доволно и го казни со 12.000 евра.
Без срам – тренерот Херлих ќе одговара за симулирање (видео)