Јанис Хаџи, синот на легендата на романскиот фудбал, Георге Хаџи, ќе се приклучи на тимот на Виторул од Констанца откако Фиорентина реши да го продаде.
Играчот од средниот ред дојде во Фиренца во текот на летото 2016, но немаше многу настапи за „Виола“, по што постоеја шпекулации дека ќе оди во Галатасарај, поранешниот тим на неговиот татко, но наместо тоа на крајот одлучи да замине во Виторул, клуб основан од Хаџи сениор. Виторул се основани во 2009 година, и се познати по својата фудбалска академија.
Георге Хаџи е несомнено еден од најдобрите романски фудбалери во историјата, со 135 настапи во националниот тим и со настапи за Реал Мадрид, Барселона и Бреша.