Ватерполо натпреварот во регионалната лига помеѓу Приморац и Партизан во Будва, кој вчера не започна ќе се одигра вечерва од 18 часот пред празни трибини.
Натпреварот не започнал бидејќи навивачите на Партизан се судриле со полицијата. Спроед црногорските медиуми тие се обиделе да се доближат до базенот, а потоа не им дозволиле на полициските службеници да ги претресат.
Некој од групата од околу сто навивачи потоа фрлил солзавец, поради што настанал општ хаос во базенот. Откако излегле од објектот навивачите демолирале едно полициско возило.