Тренерот на Барселона Кике Сетиен изјавил дека е задоволен од она што го прикажува Френки Де Јонг, иако младиот Холанѓанец е често критикуван од медиумите.
Де Јонг од оваа сезона е во Барселона, досега има одиграни 37 натпревари на кои постигнал два гола и забележал три асистенции.
„Мислам дека Френки е во добра форма. Доколку детално се анализира играта на секој фудбалер, тогаш ќе видите дека секогаш нешто може да се поправи, тоа единствено не важи за Де Јонг. Некои одлуки влијаат врз натпреварот, но најважно е тоа да биде технички исправна одлука“, рекол Сетиен.
„Френку е од голема помош за овој тим. Можеби премногу бараме од него, јас барам брилијантност од своите играчи. Поради тоа не е лесно кога имаш ривал каков што беше Реал Сосиедад. Не мачеа со високиот пресинг“.
Барселона за трансферот на Де Јонг издвои 75 милиони евра.