Top Sport

Ретро Баерн лесно со Аугсбург (Видео)

Баерн Минхен со победа над Аугсбург (2:0) го прослави 120 роденден на клубот. Посебно за оваа прилика играчите на Баерн носеа реплика на дресовите од сезоната 1931/32 кога е освоена првата од 29 шампионски титули во Бундеслигата.

Баерн головите против Аугсбург ги постигна во второто полувреме, кое беше исклучително квалитетно. Во овој дел од мечот Мануел Ноер со неколку добри интервенции ги спречи гостите да постигнат гол.

Ветеранот Томас Милер во 53 минута го постигна првиот гол. Тој го искористи доброто додавање на Џером Боатенг, им побегна на чуварите и го совлада Лита.

Лита успеа да одбрани потоа две добри шанси, во кои се најдоа Зиркси и Кутињо.

Две добри шанси имаше и Серж Гнабри, кој за промашувањата се извади со асистенцијата за Леон Горцка во 91 минута.

Со оваа победа Баерн се одвои на врвот со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет од Лајпциг.

Scroll to Top