Top Sport

Без победник во Валенсија

Леванте и Гранада попладнево освоија по еден бод откако во Валенсија одиграа 1:1. Во составот на домаќините целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте е екипата со најмалку нерешени резултати во лигата, само три, односно ова е прво реми за екипата од Валенсија по 29 септември минатата година.

Натпреварот добро започна за играчите на Леванте. Во 11 минута Моралес асистираше, а Роџер Марти постигна гол.

До израмнувачкиот гол најдобра играч на теренот беше голманот на Леванте Аитор Фернандес кој имаше три одбрани во првото и две во второто полувреме.

На истекот на 60 минута бод за Гранада обезбеди Мачис.

Scroll to Top