Манчестер Јунајтед го добир градското дерби проив Сити со 2:0. Оле Гунар Солскјер трет пат оваа сезона успеа да излезе како победник од дуелите со Пеп Гвардиола.
Јунајтед победија со головите на Ентони Марсијал и Скот Мектоминеј, кои ги искористија лошите реакции на голамнот на Сити Едерсон.
„Игравме добро во текот на целиот натпревар, но сепак сме поразени. Во првиот дел требаше да бидеме повеќе агресивни, особено на 30 метри пред нивниот гол. Го поправивме тоа во второто полувреме, но не успеавме да постигнеме гол. Кога се ќе се собере игравме добро, но на крајот мораме да му честитаме на Манчестер Јунајтед на победата“, рекол Гвардиола.