Фудбалерите на Реал синоќа им ја препуштија челната позиција во Примера на колегите од Барселона. Реал не успеа да се извлече од пеколот на „Бенито Вилјамарин“, а победата 2:1 на Бетис им ја донесе поранешниот играч на Барселона Кристијан Тељо.
Едногласни се мислењата во Шпанија дека Реал го одиграле најлошиот меч од почетокот на сезоната и дека овој пораз може скапи да ги чини.
Играчот со најмногу одиграни натпревари за Реал оваа сезона, Каземиро, смета дека поразот од Бетис може да ја реши шампионската трка.
„Доколку сакаме да ја освоиме Ла Лига мораме да играме добро на секој натпревар, денес тоа не беше случај“, изјави Бразилецот.
„Кога противникот е подобар, како што тоа беше Бетис, треба да му се честита. Ние мораме да продолжиме да работиме за да го достигнеме потребното ниво. Не игравме како против Барселона тоа е проблем. Овој пораз може да не остави без титулата“, заклучил Каземиро.