Анонимниот Австриец Грегор Рамскоглер е автор на најимпресивниот (и најневозможниот) тениски потег во 2020 година, откако во меч во двојки со Шпанецот Алберто Колас на регионалното натпреварување на Универзитетот во Мисисипи, успеа да спаси поен на епски начин.
Во меч на двојки, Рамскоглер прво ја враќа топката по сервисот на противникот, а потоа успева зад грбот на судијата да упати еден навистина невозможен удар со форхенд. Уште поимпресивно е што потегот доаѓа при сет-поен за противниците!