Top Sport

Вуду магијата не дозволила Лукаку да остане во Евертон

Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири открива дека мајката на Ромелу Лукаку имала бизарна улога во желбата на белгискиот фудбалер да потпише за Челси.

24-годишниот Лукаку дојде постојано на „Гудисон парк“ летото 2014 година, откако една сезона беше позајмен играч од Челси, по што во 141 натпревари за „карамелите“ имаше 68 гола пред минатото лето да потпише за Манчестер јунајтед.

Мошири вели дека клубот направил многу да го заддржи Лукаку во Евертон, со неверојатна финансиска поддршка.

„Ако ви кажам колку му понудивме, нема да ви се верува. Многу повеќе отколку што му нудеа во Челси. Потрошив многу време да го заддржам, многу повеќе отколку Рос Баркли“, изјави британскиот бизнисмен Мошири по трансферот на Баркли во Челси.

Покрај финансиските детали, Мошири додаде и една бизарна случка со Лукаку.

„Во текот на состанокот со Лукаку за новиот договор тој сакаше да се слушне со неговата мајка, која беше на  некој аџилак во Африка каде што се сретнала со вуду свештеник кој ѝ кажал дека треба да оди во Челси“, додава Мошири во интервју за „Тајмс“.

Дека во Евертон целосно заборавиле на Белгиецот најдобро зборува и последната изјава на спортскиот директор на клубот, Стив Волш.

„И да ги одземете сите голови на Ромелу Лукаку од минатата сезона, ние ќе завршевме на седмото место“, изјави Волш.

Scroll to Top