Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот по пауза од шест месцеи и во два сета го победи Австриецот Доминик Тим, во егзибицискиот меч на Кујонг Класик во Мелбурн.
Некогаш најдобриот тенисер во светот го победи Тим по 64 минути игра со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ одигра можне сигурен прв сет, во кој на противникот му дозволи да освои само еден гем.
Србинот добро сервираше, во вториот сет при резултат 4:4 спаси неколку брејк топки и на крајот заслужено победи.
HE’S BACK!@DjokerNole is in ominous form at the #KooyongClassic defeating World No. 5 Dominic Thiem in straight sets 6-1 6-4. pic.twitter.com/ilA6TdPC9H
— Kooyong Classic (@KooyongClassic) January 10, 2018
„Ова е ми е прв меч во кариерата на кој играм со „ракав“. Крадам тајни од Кирјос и се обидувам да сервирам штое е можно подобри“, рекол Ѓокович.
„Направив се за да ја залечам повредата. Минаа шест месеци од мојот последен меч. Ова не е официјален турнир, но ние игравме, а и понатаму играме на резултата. Благодарност до поубликата, сјајно е што се вратив“, рекол Ѓоковиќ.