Менаџерот на Арсенал Микел Артета ќе се обиде во летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Вулверхемптон Диого Жота.
Португалецот зад себе има одлична сезона со 15 постигнати гола во сите натпреварувања. Предност му е што може да игра на сите позиции во нападот.
Жота веќе три сезони е играч на Вулверхемптон. Во овој клуб пристигна во 2017 година од Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ќе добија процент од наредниот трансфер на Жота.
Кариерата Жота ја започнал во Пакош Фереира, а во Португалија играл и за Порто.