Top Sport

Барса подготвиле понуда за Луис Фелипе

Барселона покажува интерес за дефанзивецот на Лацио Луис Фелипе. Каталонците во летниот преоден рок имаат во план да ја освежат последната линија.

Според каталонските медиуми, спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, на секој натпревар на Лацио испраќал скаути за да го следат Бразилецот.

Луис Фелипе одлично функционира во системот на Симоне Инзаги. Заедно со Стефан Раду и Франческо Ачерби тој ја сочинува дефанзивната тројка во Лацио.

Бразилецот во Рим е од 2016 година од Итуано. Ги минал младинските категории на Лацио, а неодамна со клубот потпишал договор до 2022 година.

Според „Трансфермаркт“ тој вреди 20 милиони евра, но сигурно е дека Лацио ќе бара многу повеќе пари за овој фудбалер.

Scroll to Top