Младиот напаѓач на второлигашот Нумансија, Гијермо постигна два гола, за на својот тим да му донесе 2:2 реми на гостувањето кај Реал, иако поразот од 3:0 во првиот меч веќе ги имаше елиминирано во осминафиналето на Копа дел Реј.
„Шоуто“ на Гијермо го надополни Лукас Васкез од другата страна, кој исто така постигна два гола за Реал, кои на овој меч настапија со комбиниран тим без најголемите ѕвезди.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ
Алавес – Форментера 2:0, прв меч 3:1
Вилјареал – Леганес 2:1, прв меч 0:1
Реал Мадрид – Нумансија 2:2, прв меч 3:0