Шпанскиот ветеран Цеск Фабрегас преку Инстаграм раскажа една смешна анегдота од времето кога беше фудбалер на Челси, кога по загубен облог морал да му купи автомобил на голманот Вили Кабалјеро.
32-годишниот Фабрегас се обложил со Кабалјеро дека ако му одбрани гол ќе му купи „Ренџ ровер“, и признава дека се чувствувал самоуверен, пред аргентинскиот голман да му го одбрани ударот. Решението на Фабрегас е купување на „искршен“ автомобил за 950 фунти.
„Секогаш правев мали облози со голманите и поради некоја причина секогаш погодував. Еден ден бев премногу самоуверен. Му кажав на Вили дека ќе добие ’Ренџ ровер’ и за жал тој одбрани пред целиот тим и можете да замислите каква беше атмосферата. Отидов на отпад и најдов уништен ’Ренџ ровер’ за 950 фунти и го купив. Следниот ден го донесов во тренинг-центарот. Другото видете го на видеото. Наравоучение? Не се обложувајте по секоја цена“, вели Фабрегас.