Top Sport

Србите ќе градат Национален стадион

Србија планира изградба на Национален стадион на кој своите натпревари би ги играла фудбалската репрезентација. Изградбата на стадионот би требало да започне во текот на годината.

Конечната одлука за локацијата на која ќе се гради стадионот се уште не е донесена, но како шти пишува весникот „Блиц“ во денешното издание, новиот стадион најверојанто ќе се игради во Сурчин.

Локацијата ги задоволува стандардите на УЕФА бидејќи во близина се наоѓа аеродромот и тој има добра конекција со градот.

Стадионот би требало да има капацитет од 60 илјади седишта, своите натпревари тука би ги играла репрезентацијата на Србија, но некои свои европски натпревари на новиот објект би можеле да играат Црвена звезда и Партизан.

Во Белград се надеваат дека од УЕФА ќе добијат организација на некое европско финале.

Вкупната цена за изградба на стадионото би требало да изнесува 150 милиони евра, урнек ќе биде стадионот на Еспањол, со таа разлика што белградскиот ќе биде поголем за 20 илјади седишта.

Scroll to Top