Top Sport

ВТА ги откажа турнирите до 2 мај

Женската тениска асоцијација (ВТА) ги откажа сите турнири до 2 мај. За разлика од АТП чија сезона веднаш беше суспендирана во наредните шест недели, ВТА реши да ги држи тенисерките во неизвесност и да откажува турнир по турнир.

„Поради пандемијата со коронавирусот турнирите во Штутгарт, Истанбул и Прага нема да се одржат. Тоа значи дека сезоната е суспендирана до 2 мај. Наредната недела ќе донесеме одлука за преостанатите турнири шт треба да се одиграат на земјана подлога“, се наведува во соопштението.

Претходно ВТА ги одтжа сите турнири од Индијан Велс до Штутгарт.

Според плановите на ВТА сезоната ќе продолжи на турнирот во Мадрид (2 до 9 мај).

Scroll to Top