Top Sport

Одложена и Копа Америка

Фудбалската федерација на Јужна Америка во вторникот донесе одлука да го одлижи континеталното првенство, познато како Копа Америка. Првенството на Јужна Америка наместо ова ќе се игра наредното лето.

Иако во Јужна Америка ситуацијата со корнавирусот не е како во Европа, сепак челниците на КОНМНБОЛ не сакаат да ризикуваат бидејќи најголем дел од репрезентативците на државите од Јужна Америка фудбалскиот леб го печалат во Европа.

Минатата година Копа Америка се одржа во Бразил. Наредното лето домаќини ќе бидат Аргентина и Колумбија.

Scroll to Top