Досегашниот фудбакер на Палмеирас, Јери Мина, потпиша пет и пол годишен договор со Барселона, соопшти клубот.
Барселона за 23-годишниот Колумбиец плати 11,8 милиони евра, а откупната клаузула во неговоиот договор изнесува 100 милиони евра.
Кталонскиот гигант го донесе Мина на местото на Хавиер Маскерано кој на крајот од месецов ќе се пресели во Хебеј Форчун.
Мина е првиот Колумбиец кој ќе го облече дресот на Барселона. Овој дефензивец беше еден од најдобрите играчи на Палмеирас кога клубот во 2016 година ја освои титуата во бразилскиот шампионат.