Пред точно 13 години, Болтон најдобро ја „почувствуваа“ моќта на тогашниот Манчестер јунајтед, откако Вејн Руни и Кристијано Роналдо постигнаа гол и тоа според дел од фудбалските фанови во најдобриот контра-напад во одерниот фудбал.
Во акција од околу 10 секунди има речиси сè – петица, совршено додавање, супер-брзо трчање и шанса во која одбраната на Болтон немаше шанси. Резултатот на крајот беше 4:1 за Јунајтед.
Акцијата е фантастичен потсетник на лудата форма на двајцата фудбалери таа 2006/07, кога постигнаа по 23 гола и помогнаа титулата да се врати на „Олд Трафорд“ по губењето на круната од Челси под водство на Жозе Мурињо. Само една година подоцна, имаше уште една титула и трофеј од Лигата на шампионите, повторно предводени од Руни и Роналдо.
? How to find the net from a counter-attack: demonstrated by @WayneRooney and @Cristiano ?#MUFC #GoalOfTheDay pic.twitter.com/pXE3wcnxjQ
— Manchester United (@ManUtd) March 17, 2020
Еве уште моменти од тоа славно партнерство…