Тенисерите, тенисерките и нивните тренери не се задоволни од одлуката на организаторите Ролан Гарос да се одигра во септември. Традиционално Ролан Гарис се игра во мај, меѓутоа поради пандемијата на коронавирусот, организаторите решија оваа година турнирот да се игра од 20 септември до 4 октомври.
Оваа одлука шокира многу тенисери, тенисерки и тренери. Особено се лути на две работи: бидејќи одлуката ја одзнале од медиумите, односно дека турнирот ќе започне една недела по одигрувањето на машкото финале на Ју-Ес опен.
Ју-Ес опен се игра на бетон, а Ролан Гарос на земја, што значи дека тенисерите нема да имаат никаква подготовка на земјена подлога.
Во најлоша ситуација ќе биде Рафел Надал кој во краток период ќе треба да ги брани титулите на овие турнири, односно ќе брани 4.000 поени.
„Ова е лудо“, порачал Вашек Поспишил членот на Советот на играчи на АТП.
„Нас никој ништо не ене прашува, не постои комуникација со играчите“, дополнил канадскиот тенисер.
„Не знам ниту еден тенисер што бил запознаен со оваа одлука“, напишал Швајцарецот, Стен Вавринка.
„Повторно…вест дознаваме преку Твитер“, напишал Аргентинецот, Диего Шварцман. Сличен коментар има и Романката, Сорана Кирстеа.
Una vez más… nos enteramos por Twitter. ?♂️?♂️ @atptour https://t.co/owFqHTXDu3
— diego schwartzman (@dieschwartzman) March 17, 2020
Елина Свитолина се огласи на ова тема со интересен „гиф“.
https://t.co/5HYhkyFtjQ pic.twitter.com/TjLFdq2eXQ
— Elina Svitolina (@ElinaSvitolina) March 17, 2020
Директорот на турнирот во Акапулко Раул Сурутуса одлуката ја нарекол „подмолна и себична“
„Ова само ја покажува надменоста и ароганцијата што ја имаат кон другите турнири во календарот. Покажаа и надменост кон играчите бидејќи не ги консултираа“.
На одлуката Ролан Гарос да биде поместен во септември досега не се огласиле од АТП и ВТА.